Најнови полугодишни прогнози на Виенскиот економски институт

Bez autora
Jul 18 2010

Невработеноста во Македонија годинава нема да се намали, а инвестициите нема да бидат поголеми од 200 милиони евра. Ова го покажуваат најновите полугодишни извештаи на Виенскиот економски институт каде се прогнозираат економските движења на државите од централна и југоисточна Европа. Со 33 процентна невработеност до крајот на годината Македонија останува на европскиот врв по бројот на луѓе без работа, втора на непопуларната листа е Босна со 27 проценти, следат Србија, Црна Гора, Албанија. Држава со најмала невработеност во централна и југоисточна Европа е Словенија со осум проценти. Во извештајот за инвестициите, институтот од виена прогнозира дека годинава во Македонија ќе влезат само 200 милиони евра директни странски инвестиции, со што земјава, заедно со Литванија и Молдавија каде се најавува влез на по 100 милиони евра и Словенија која е без инвестиции, е во групата најнеатрактивни држави за вложувања.

Најнови полугодишни прогнози на Виенскиот економски институтНевработеноста во Македонија годинава нема да се намали, а инвестициите нема да бидат поголеми од 200 милиони евра.

Ова го покажуваат најновите полугодишни извештаи на Виенскиот економски институт каде се прогнозираат економските движења на државите од централна и југоисточна Европа.

Со 33 процентна невработеност до крајот на годината Македонија останува на европскиот врв по бројот на луѓе без работа, втора на непопуларната листа е Босна со 27 проценти, следат Србија, Црна Гора, Албанија.

Држава со најмала невработеност во централна и југоисточна Европа е Словенија со осум проценти. Во извештајот за инвестициите, институтот од виена прогнозира дека годинава во Македонија ќе влезат само 200 милиони евра директни странски инвестиции, со што земјава, заедно со Литванија и Молдавија каде се најавува влез на по 100 милиони евра и Словенија која е без инвестиции, е во групата најнеатрактивни држави за вложувања.

Во европските земји, според Виенскиот економски институт, се забележува тренд на враќање на инвеститорите. Ако 2009 беше поразителна за странските инвестиции за голем дел европски држави годинава се враќа атрактивноста за дел од дестинациите.

Пример за тоа е Полска каде се предвидува влез на дури 11 милијарди евра странски инвестиции, во Романија три ипол милијарди евра, чешка три милијарди евра, во Унгарија и во Бугарија по милијарда и пол евра.

Од земјите од поранешна СФРЈ, во Хрватска и во Србија се прогнозира дека странците ќе инвестираат по милијарда евра до крајот на 2010, во Црна Гора 500 милиони, во Албанија 400, во Босна 300 милиони евра.

Експертите од Виена прогнозираат дека годинава сепак ќе расте македонската економија. До крајот на годинава растот на бдп ќе изнесува еден процент, додека пак на домашен терен владата останува на прогнозите за раст на економијата од два проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik